ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Куманово во еден ден договори цела петорка

Куманово во еден ден договори цела петорка

сподели
фото: kumanovskimuabeti.mk

Староседелците Адем Мекиќ, Миодраг Тодоровиќ, Мирко Ковач и Бранислав Ѓекиќ, заедно со поранешниот играч на МЗТ Скопје, Игор Пенов се петте кошаркари кои ставија потписи на новите договори со Куманово.

Екипата остана без неколку значајни играчи во текот на летото, но на овие петмина ќе се гради новиот ростер кој повторно ќе се обиде да обезбеди пласман во плеј-офот.

Во прв план ќе бидат младите играчи, а наскоро тренерот Александар Петровиќ ќе го има на располагање целиот состав.

“Амбициите на Куманово се победа на секој натпревар што е нормално и сигурно дека овој тим што го правиме, нема да биде тим за опстанок, туку ќе се бори за што повисок пласман на табелата.

Ако го оствариме резултатот од минатата сезона, тоа ќе биде совршенство. Добро ќе биде што ова ќе биде ново Куманово, со нова енергија, позитивна енергија, како од управата, така од играчкиот кадар, а и јас имам некоја позитивна енергија и едвај чекаме да почнеме со подготовките”, изјави Петровиќ на промоцијата на која присуствуваа Пенов, Мекиќ и Тодоровиќ.

Аплицирајте веднаш за

Подготовките за новата сезона почнуваат на 20 август, а до почетокот на првенството екипата ќе одигра десетина пријателски дуели и ќе учествува на турнир во Србија.