ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА КРСТЕВСКИ: Ни фали Кире, ама нема изговори

КРСТЕВСКИ: Ни фали Кире, ама нема изговори

сподели

Работнички го пречекува МЗТ Скопје во дербито на 17-коло во кое влогот е првото место на табелата.

Првиот меѓусебен дуел оваа сезона заврши со победа на шампионот на теренот на противникот со 88:90. Тогаш блесна Марјан Јанески, но сите кои излегоа на теренот во дресот на Работнички, а беа само седуммина, извадија 100% од своите можности.

Бојан Крстевски тогаш постигна пет поени, но имаше индекс 14 затоа што беше присутен на секој дел од теренот.

„Дерби дуелите со МЗТ Скопје секогаш се интересни, очекуваме таков да биде и овој бидејќи има големо резултатско значење.

Како и на првиот натпревар во Аеродром, ќе имаме кратка ротација, Кире Николовски ќе ни недостасува, но играме на домашен терен и не смееме да бараме изговори. Потребна е победа“, изјави Крстевски за basketball.mk

За разлика од тој меч на теренот на МЗТ Скопје, сега во составот на Докузовски ќе биде ветеранот Ѓорѓи Чековски кој пропушти голем дел од првата полусезона поради повреда.