ПОЧЕТНА Евролига Кралски кам-бек во градот на модата

Кралски кам-бек во градот на модата

сподели
euroleague.net

Реал Мадрид надополни двоцифрена негатива и победи на гостувањето во Милано, против екипата на Армани, со 85:91. Европскиот шампион сега има 2 победи по 2 кола, а италијанската екипа има 1 победа и 1 пораз.

Рендолф имаше 25 поени со 11 скока, Кампацо 21 поен со 7 асистенции кај шпанската екипа, а Мајк Џејмс постигна 21 поен за поразениот домаќин.

euroleague.net

Олимпијакос славеше на гостувањето кај Басконија со 80:85, за втора победа во два меча одиграни на гости на почетокот на сезоната.

Аплицирајте веднаш за

Никола Милутинов експлодира со 23 поени и 11 скока, ги постигна двата клучни коша во последните моменти, а најмногу го хранеа Спанулис, Тупан и Вилијамс-Гос кои што имаа по 11 асистенции.

euroleague.net

Фенербахче одигра сигурно против Химки и победи со 93:85, има две победи од двата домашни меча на почетокот, а руската екипа има два пораза.

Николо Мели постигна 16 поени за домашните, но клучен беше перформансот на Мухамед Али со 14 поени во последните 12 минути. Швед регистрира 26 поени за гостите, имаше 7 тројки.

euroleague.net

Жалгирис се врати со триумф од гостувањето во Истанбул со 79:93 против Анадолу Ефес. Двата тима имаат по 1 победа и 1 пораз.

Брендон Дејвис имаше 18 поени со 7 скока и 3 асистенции за победникот, а Крунослав Симон реализира 17 поени од кои 13 во последниот период, за поразените.