ПОЧЕТНА Евролига Кралска прошетка низ Тел Авив, и ЦСКА продолжува максимално

Кралска прошетка низ Тел Авив, и ЦСКА продолжува максимално

сподели

Најтрофејните екипи во Евролигата (вкупно 17 титули) се единствените без пораз во досегашниот дел од елитното кошаркарско натпреварување.

Реал Мадрид оствари убедлива победа на гости кај Макаби со 66:87, уште еднаш потврдувајќи дека ништо не се сменило во тимот по заминувањето на Лука Дончиќ.

Домаќините парираа една четвртина, но во втората се разигра Џејси Керол кој постигна четири тројки и Реал на полувреме имаше +18 (23:41). Во тој период европскиот првак направи серија од 16:0.

Аплицирајте веднаш за

Макаби се обиде да се врати во третата четвртина, стигна до 13 поени негатива, но следуваа три тројки и низа од 13:0 за на крај на сите надежи на навивачите во преполната арена.

Љуљ со 17 поени го предводеше Реал, Керол постигна 16, а Ајон 12. Кај Макаби, Обрајант беше далеку пред сите со 17 поени.

ЦСКА со многу мака, и тоа во последната четвртина, го скрши отпорот на Милано. На крајот славеше со 85:90 за „6 од 6“ на почетокот од сезоната во Евролигата.

Италијанскиот првак доминираше, особено во втората и третата четвртина, па во 28. минута поведе со 13 разлика (64:51). Но, место мирно да го приведат натпреварот кон крај, му дозволија на противникот да направија серија од 17:2, предводена од Нандо де Коло, па во 35. минута ЦСКА водеше со 77:71.

Милано повторно успеа да се врати, на две минути пред крајот израмни на 80:80, но во последните 90 секунди Хајнс и Хигинс заедно постигнаа 10 поени и и донесоа нова победа на ЦСКА.

Де Коло со 18 поени беше прв стрелец на мечот, а во тимот на Милано, Џејмс и Гудаитис постигнаа по 16.

Во третиот натпревар од денешната програма во шестото коло, Баерн дојде до клупски рекорд во Евролигата постигнувајќи 116 поени против Дарушафака.