ПОЧЕТНА Евролига Кралска кошаркарска поезија

Кралска кошаркарска поезија

сподели

Европскиот првак го покажа сиот свој потенцијал во дуелот кој лани беше финале на Евролигата, а исто може да се случи и оваа година.

На домашен терен Реал го совлада Фенербахче со 101:86 во дербито на 25-тото коло од елитното кошаркарско натпреварување. Мадридскиот тим беше во мала криза последниот период, два пати загуби од вечниот ривал Барселона, но сметката за тоа ја плати екипата на Жељко Обрадовиќ.

Фенербахче играше добро на почетокот, водеше со девет поени разлика во првата четвртина, но веќе пред крајот на тој период Реал се погрижи за пресврт. На полувреме беше +7, а во третата четвртина домашната екипа си дозволи и атракции на задоволсто на публиката.

Ентони Рендолф одигра еден од своите најдобри натпревари сезонава, постигна 21 поен, а одличен беше и Серхио Љуљ со 17 поени и 11 асистенции. Најдобар кај Фенербахче беше Слукас со 15 поени.

На другите натпревари од ова коло, Макаби и Панатинаикос остварија победи кои ги одржуваат во игра за пласман во плеј-офот, а Жалгирис му го нанесе десеттиот пораз по ред на шпанскиот претставник Гран Канарија.