ПОЧЕТНА Европски лиги „Кралот“ повторно ја покори Шпанија

„Кралот“ повторно ја покори Шпанија

сподели
фото: ACB

По пауза од една сезона, најтрофејниот европски клуб се врати на тронот во шпанското првенство.

Во четвртиот натпревар од финалната серија во АЦБ лигата, Реал Мадрид ја совлада Басконија како гостин со 96:85 и со вкупни 3:1 стигна до 34. титула во домашниот шампионат. Двете последни победи актуелниот европски првак ги оствари на теренот на противникот што дава дополнителна тежина на овој успех.

За најкорисен играч во финалето беше прогласен Руди Фернандес кој на овој натпревар постигна 27 поени. Во тимот на Басконија, Бобуа постигна 19, а Шенгелија 16 поени.

Аплицирајте веднаш за

По годините на стагнација, односно доминација на Барселона, ова е трета титула за Реал Мадрид во последните четири сезони. Кога на тоа ќе се додадат и двете во Евролигата, ова е еден од поуспешните период за шпанскиот гигант во поновата историја.