ПОЧЕТНА Други лиги Крагуевац победи на првиот сателит турнир во 2019

Крагуевац победи на првиот сателит турнир во 2019

сподели

Екипата од соседна Србија славеше на првиот турнир во новата 3х3 сезона во Македонија, освои 2.000 евра награда и место на челинџер турнирот во Франција, каде што наградниот фонд е многу поголем.

Второто место го освои Сараево, а третопласирана беше екипата на Ер-сан, македонскиот претставник кој што загуби од победникот. Во полуфиналињата имавме два претставника, другиот беше екипата Шимов.

Ова беше само почеток на возбудливата 3х3 сезона во нашата земја, а првиот турнир покажа дека македонските екипи, на кои што им недостасува рутина, полека созреваат и може да играат со тимовите од регионот.