ПОЧЕТНА Евролига Кој се ќе игра во Евролига, следната сезона?

Кој се ќе игра во Евролига, следната сезона?

сподели
фото: Partizan NIS

Елитното европско натпреварување е магнет за сите клубови и спонзори, поради што на пазарот има тепачка околу евентуалното учество во лигата организирана од страна на УЛЕБ.

На големо се шпекулира дека преку своите лоби канали, Србија, АБА и Партизан се обидуваат заеднички да одиграат за втор претставник на ова регионално натпреварување, во Евролигата.

Долгогодишни лиценци (13):

Панатинаикос, Олимпијакос (Грција)
Реал Мадрид, Барселона, Басконија (Шпанија)
Фенербахче, Анадолу Ефес (Турција)
Макаби (Израел)
ЦСКА Москва (Русија, ВТБ лига)
Жалгирис (Литванија)
Олимпија Милано (Италија)
Баерн Минхен (Германија)
АСВЕЛ (Франција)

Посебни места (5):

Германија - шампион/следниот на табелата
УЛЕБ Куп шампион - Валенсија
АБА шампион - Црвена звезда или Будуќност
ВТБ лига - првакот
Вајлд карта - непознато

Една земја може да има најмногу 4 претставници, што Шпанија веќе го исполни, поради што се отвори едно слободно место меѓу екипите што делегирано ќе добијат шанса да играат во најквалитетната лига.

Предодредени места за учество во Евролига, во сезоната 2019/20 (Wikipedia).

Последното слободно место е главната мамка, за АБА лигата или за ВТБ лигата, кои што неуморно лобираат за дополнителен претставник во елитата, која што од идната сезона ќе брои 18 екипи, две повеќе од оваа сезона.