ПОЧЕТНА ЕВРОБАСКЕТ 2017 Кој не скока не е Словенец: Над 20 илјади навивачи ги пречекаа...

Кој не скока не е Словенец: Над 20 илјади навивачи ги пречекаа новите европски шампиони

сподели

Европските шампиони во кошарка вечерва околу 19 часот се вратија во Љубљана и веднаш со своите навивачи го прославија најголемиот успех на континенталните натпреварувања.

На Конгресниот плоштад во престолнината ги пречекаа над 20 илјади навивачи кои направија прекрасна атмосфера. Ерупција настана кога златните кошаркари се појавија на бината. Веднаш почнаа познатите скандирања: “Кој не скока не е Словенец” и “Але, але, але, Словенија првак е”.

Аплицирајте веднаш за

На насобраните навивачи им се обратија сите играчи и селекторот Кокошков. Еуфоријата не ја уништи ни дождот кој врнеше во текот на целата прослава.

View this post on Instagram

🚨SLOVENIA 🚨

A post shared by Goran Dragic (@the_1_dragon) on