ПОЧЕТНА Балкански лиги Кој игра за пари, не е вистински кошаркар!

Кој игра за пари, не е вистински кошаркар!

сподели
Дино Раѓа (десно) и еден од најголемите хрватски таленти во поновата историја, Дарио Шариќ.

Во интервју за европскиот кошаркарски портал Eurohoops.net, некогашниот кошаркарски ас на Југославија и на Хрватска, зборува за неговите погледи и неговата филозофија за кошарката.

Според играчот кој што светот го запозна преку Југопластика – тогаш тројниот европски шампион, а играше во генерацијата со Тони Кукоч – парите го расипуваат светот, а воедно и овој прекрасен спорт.

„На нашите простори (поранешна Југославија) веќе нема вистински клубови. Сите оние што не се приватни колективи се мачат да опстанат.

Дино Раѓа беше индуктиран во „Куќата на славните на Џејмс Најсмит“ во генерацијата 2018 (фото: Hrvoje Jelavic/PIXSELL).

Парите прават се. Оној што има пари, зема се и не се грижи за ништо друго. Политиката ги води клубовите.“ – вели Дино Раѓа.

Според него, сепак талентот преовладува и квалитетните кошаркари си го наоѓаат своето место во кошарката.

„Погледнете ја разликата меѓу европските и американските играчи и екипи, намалена е многу, споредено со нашето време.

Дино Раѓа во дресот на Југопластика (1985-90), тој е најдобриот стрелец во историјата на Хрватска со 1.764 поени во коцкестиот дрес.

Сега една Евролигашка екипа, од поквалитетните, може слободно да игра во НБА лигата и да не биде вреќа за спаринг.“

Аплицирајте веднаш за

Но, едно нешто е трн во окото на Раѓа, кој што беше најдобар центар (позиции 4,5) во негово време на Стариот континент.

„Оние играчи кои што се движат напред предводени од успехот, имаат шанса и да заработат. Играчите што играат за пари, не се вистински играчи и ја промашиле професијата.

Дино Раѓа во дресот на Бостон (1993-97), во моментов тој ја извршува функцијата Претседател на стручниот тренерски совет во Кошаркарскиот сојуз на неговата земја.

Може набрзина да заработиш пари, но и да ги загубиш исто толку брзо, затоа што најчесто не се цени начинот на кој што тие се стекнати. А, загубеното, не се враќа никогаш.“

Дино Раѓа беше прогласен за еден од најдобрите 50 кошаркари во историјата, од страна на ФИБА (1991), а воедно и за еден од 50-те што најмногу придонеле за развојот на Евролига, од страна на УЛЕБ (2008).