ПОЧЕТНА А Репрезентација Кој го донесе МекКејлеб во Македонија?

Кој го донесе МекКејлеб во Македонија?

сподели

Петар Наумоски открива, според него, кој ја имал клучната улога во доведувањето на Бо МекКејлеб во нашата репрезентација, играчот без кој што она што се случи во Литванија ќе беше едноставно невозможно:

„МекКејлеб како играч на Партизан потпиша за Монтепаски, со европски пасош, не со американски. Душко Вујошевиќ му рече дека ќе му помогне да добие црногорски пасош, ако остане уште една година во Партизан.

Но, Бо веќе се договори со италијанските газди.

Тогаш на сцена стапи Врбица Стефанов, тогашниот директор на македонската А репрезентација, му помогна на МекКејлеб да добие наш пасош и да заигра за Македонија.“ – изјави Петар Наумоски, претседателот на МКФ, во едно интервју за српскиот портал Блиц.

Врбица Стефанов – стои

Ќе потсетиме дека Врбица Стефанов играше во Монтепаски и беше миленик на публиката во Сиена, а воедно и на првиот човек на банката и на кошаркарскиот клуб, Фердинандо Минучи, преку кого беше излобирано Бо да игра за Македонија.

Се се случи практично за едно попладне, во неколку часа на наша среќа и непланирано беше решено МекКејлеб да не игра за Црна Гора, туку за Македонија. Останатото, е историја…