ПОЧЕТНА АБА Кој го бараше Иве?

Кој го бараше Иве?

сподели
фото: МЗТ Скопје Аеродром, Петр Стојановски

По отсуството поради повреда и залечување на истата, кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром се враќа во полна форма, за понатамошниот дел од сезоната.

Хрватот во редовите на македонскиот вицепрвак, постигна 24 поени, со 7 скока и со валоризација 27, за помалку од 36 минути на паркетот, во победата против Динамик (84:74).

Аплицирајте веднаш за

Тоа беше највисокиот индекс во коло во АБА 2 лигата, а иста валоризација имаше и Александар Тодоровиќ од Зрињски. Тимската игра (стои во објаснувањето од АБА лигата) беше пресудна, за признанието да го добие „нашиот“ играч.

МЗТ Скопје Аеродром врза три победи и со вкупни 6/2 се наоѓа на втората позиција на табелата, зад Сикст Приморска.