ПОЧЕТНА НБА Кошарка без граници, во Белград, на чело со Србинот Грег Поповиќ

Кошарка без граници, во Белград, на чело со Србинот Грег Поповиќ

сподели
Попович и Паспаљ

Во престолнината на нашиот северен сосед стартуваше кампот во организација на НБА и ФИБА, со наслов „Кошарка без граници Европа 2018“, на кој што учествуваат млади до 17 години.

Вкупно 63 (40 момчиња и 23 девојчиња) кошаркар(к)и од 25 земји, ќе бидат дел од тридневниот спектакл (15-18 август) кој што ќе се одржи во спортската сала во Жарково.

На отворањето, харизматичниот и контроверзен тренер кој што долги години е на клупата на Сан Антонио Спарс, истакнал дека му е чест што се наоѓа во земјата на неговите предци и дека ова е одлична прилика да се соберат големите кошаркарски ѕвезди кои што го пренесуваат своето искуство на најмладите.

Освен Поповиќ, на кампот во Белград се присутни Владе Дивац, Жарко Паспаљ, Предраг Стојаковиќ и други поранешни играчи.

Од актуелните српски и други НБА играчи, присутни се Богдан Богдановиќ, Бобан Марјановиќ, Никола Вучевиќ и Никола Јокиќ.

ПОТСЕТУВАЊЕ:

Првиот камп „Кошарка без граници“ беше одржан во Тревизо, во јули 2001-та година во Италија, каде што Дивац и Тони Кукоч, заедно со други поранешни соиграчи и пријатели од екс-Ју просторите, собраа 50-тина деца од Македонија, Србија и Црна Гора, БиХ, Хрватска и Словенија.

НАПОМЕНА: Фотографиите се преземени од Александар Димитријевиќ / РАС Србија