ПОЧЕТНА АБА Кошаркар со НБА титула ќе игра во АБА лигата

Кошаркар со НБА титула ќе игра во АБА лигата

сподели

Нема многу кошаркари во јадранското друштво, и сега и низ историјата, кои можат да се пофалат со најсјајното одличје од најсилната професионална лига во светот.

Дури, ретки се и тие што воопшто играле во НБА лигата. Оваа сезона, сепак, ќе има еден со титула.

Аплицирајте веднаш за

Поранешниот кошаркар на Бостон Селтик, Глен Дејвис стана нов член на хрватскиот Задар и првпат во својата кариера ќе игра на европскиот континент. Тој беше дел од шампионската генерација на Бостон Селтикс која ја освои титулата во 2008 година, заедно со Пол Пирс, Кевин Гарнет, Реј Ален, Ражон Рондо итн, а во НБА има над 600 натпревари, вклучувајќи го и плеј-офот.

Беше член уште на Орландо Меџик и Лос Анџелес Клиперс, но сериозна кошарка не играл уште од 2015 година кога си замина од Калифорнија.

По три години пауза и 32 години “на грбот”, на Дејвис сигурно ќе му треба малку време да се врати во ритам, но сигурно ќе биде една од главните атракции во АБА лигата оваа сезона.