ПОЧЕТНА АБА КОЧОВ: Тука ништо не е завршено…

КОЧОВ: Тука ништо не е завршено…

сподели
фото: АБА 2

МЗТ Скопје е на чекор од пласман во финалето на АБА 2 – тоа е она што е најважно од првиот полуфинален дуел во регионалното натпреварување против Спарс.

Тешкиот натпревар во Сараево заврши среќно за нашиот тим, остварен е брејк и оваа серија можа да заврши во само два дуела ако и во „Јане Сандански“ епилогот биде ист.

Навивачите се презадоволни, но тренерот Ѓорѓи Кочов повикува на претпазливост пред реваншот затоа што Спарс е далеку од слаба екипа.

„Спарс добро ги познаваме, ги знаевме сите нивни предности и маани, неслучајно завршија на второто место во основниот дел. Очекувавме дека натпреварот ќе биде тежок и неизвесен натпревар, но не и дека толку лошо ќе влеземе во него. 

фото: sportsport.ba

Очигледно беше дека нашите играчи се емотивно истрошени по напорната сезона и тешкиот распоред и не одиграа според договореното во првата четвртина, но и покрај тоа собраа сили да направат пресврт и да победат. Имавме малку среќа во финишот, меѓутоа ја заслуживме со борбеноста и карактерот.

Но, тука ништо не е завршено, треба да го заборавиме овој натпревар и мислите да ги насочиме кон вториот меч на домашен терен на 24 март“, изјави Кочов за basketball.mk.