ПОЧЕТНА АБА КОЧОВ: Со 102 примени поена, тешко до победа

КОЧОВ: Со 102 примени поена, тешко до победа

сподели

МЗТ Скопје го претрпе третиот пораз во деветтиот натпревар од АБА 2 лигата, на сличен начин како претходните два.

Секогаш кога губеше, македонскиот вицешампион примаше најмалку 90 поени, а на овој против Рогашка првпат дозволи противникот да ја мине границата од 100.

Лошата игра во одбрана беше причина и за поразите од Блокотехна и Работнички во домашното првенство. МЗТ Скопје го има најдобриот напад во АБА 2 оваа сезона со 818 поени, но ја има и втората најслаба одбрана со 761 примен поен. Повеќе од него има само Вршац (821).

„Кога ќе примиш 102 поена на гостинсски терен, не можеш да се надеваш на победа. Пред натпреварот се договоривме да бидеме агресивни и да не дозволиме противникот да шутира тројки од отворени позиции.

Аплицирајте веднаш за

Мораме добро да го анализираме овој натпревар и да ги поправиме грешките“, изјави тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов.

Нашиот претставник во АБА 2 на овој меч прими 15 тројки од 31 обид. Пет од нив беа дело на најдобриот играч на Рогашка, Миха Вашл.