ПОЧЕТНА АБА КОЧОВ: Рано е да се каже дали сме прејаки, сакаме да ја...

КОЧОВ: Рано е да се каже дали сме прејаки, сакаме да ја вратиме публиката

сподели

Македонскиот претставник во АБА 2 лигата дели лекции на стартот на шампионатот, победи и на вториот меч во новата авантура, против Борац од Чачак (82:57).

Целта на аеродромци е враќање во јадранската елита, а стартот покажува дека се способни да го натправат тоа, со демонстрација на огромна желба и многу квалитети во играта.

Тренерот на металците е дециден и цврсто стои на ставот дека ова е силно натпреварување, односно дека не смее да се дава прогноза по само две одиграни кола.

Аплицирајте веднаш за

„Ова е само старт на новата сезона. Екипите кои што играат во АБА 2 лигата се уште не се влезени во натпреварувачки ритам.

Очекувајте да го видиме најдоброто од нив, во периодот што следува, откако ќе почнат домашните првенства. Затоа не сакам да прогнозирам ништо.“ – рече Кочов.

фото: МЗТ Скопје Аеродром / Петр Стојановски

Освен што ги пофали своите играчи за борбеноста и за пожртвуваноста, стратегот на поранешниот македонски шампион најави дека една од желбите и целите, му е да се врати публиката на трибините во СЦ Јане Сандански.

„Сакам да ја слушнам навивачката песна, гласно како во периодот кога јас и Тони Грнчаров (извршен директор) игравме во сино-белиот дрес.

Тогаш публиката остануваше в сала и 2-3 часа по натпреварот, дури и кога губевме, да не бодри. Сакам тоа да го почувствуваат и сегашните играчи.“ – продолжи Кочов.

Многу причини за задоволство, неговата екипа влегува во добар ритам на почетокот на АБА 2 лигата непосредно пред стартот на домашниот шампионат – извршниот директор на МЗТ Скопје Аеродром, Тони Грнчаров на прес-конференцијата по мечот со Борац Чачак.

Тренерот на штрковите најави дека неговата екипа ќе продолжи во истиот ритам, кој што ги проголта екипите на словенечкиот Хелиос и српскиот Борац, во првите две кола во АБА 2 лигата.

„Она што можам да го ветам, е дека ќе го оставиме срцето на терен во сите натпревари.

Знам дека Аеродром цени борбеност и пожртвуваност, а ние ќе и го дадеме токму тоа на нашата верна публика.“ – е ставот на Кочов.