ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА КОЧОВ: Пораз за памет!

КОЧОВ: Пораз за памет!

сподели
Дали овој пораз од Блокотехна, ќе го разниша тимот по одличниот старт во АБА 2 лигата? (фото: МЗТ Скопје Аеродром / Петр Стојановски, од натпреварот МЗТ Скопје Аеродром - Борац, во АБА 2 лигата, одигран во СЦ Јане Сандански)

Вицепрвакот потклекна на стартот на домашното првенство, во дуел со еден од претендентите за висок пласман. Сезоната ќе биде долга, а штрковите покажаа две лица на мечот во Гевгелија (81:78).

Гостинската екипа имаше и +12 во втората четвртина, но дозволи серија 15:5 и му даде живот на домашниот тим. Тренерот Ѓорѓи Кочов беше разочаран од поразот, во изјавата за basketball.mk.

„Му честитам на противникот за победата. Го потценивме, а тоа скапо не чинеше. Имаме 24 часа да го заборавиме овој загубен натпревар, по што се концентрираме на Приморска.“

Екипите во македонското првенство мора(а) да се адаптираат на одлуката на МКФ – тројца македонски играчи на терен во секое време, во првата фаза од шампионатот и најмногу четири странски играчи во ростерот.

„Правилото со тројца македонски играчи и ротациите си го направија своето. Играме на два фронта и тоа ни е мал проблем, се подготвуваме и за АБА 2 лигата.“ – вели Кочов.

Аплицирајте веднаш за

МЗТ Скопје имаше одлична контрола на загубените топки, само 7 пати не знаеше што да прави со себе во нападот, за разлика од Блокотехна, која што имаше 11 такви ситуации.

Играта под обрачите им беше најголемиот проблем, на аеродромци (44/28).

„Домаќинот имаше 16 скока повеќе од нас, ние не смеевме да се доведеме во таква ситуација, но мора да научиме од овој пораз и да не ги повторуваме овие грешки.“ – истакна Кочов за нашиот портал.