ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА КОЧОВ: Победивме со агресивност и трчање 40 минути

КОЧОВ: Победивме со агресивност и трчање 40 минути

сподели

Гостивар ќе биде пекол за сите кандидати за шампионската титула оваа сезона, како во основниот дел, така и во Суперлигата, а ако тимот се пласира, и во завршницата, односно плеј-офот.

Но, МЗТ Скопје без поголеми проблеми излезе на крај против мотивираниот ривал и фантастичната публика која ја преполни салата „Младост“.

„Им честитам на моите играчи за победата, ме радува тоа што одигравме одлично по оној катастрофален и болен пораз од Динамик во АБА 2.

Најважно е тоа што победивме, а притоа останавме здрави, одиме сега да се подготвиме за завршницата од Купот. Имавме тешка сезона, на два фронта, некои кошаркари одиграа премногу натпревари, во еден период бевме и со шестмина играчи, но се средија работите и ме радува тоа што одигравме одлично на пеколниот терен.

Вицешампионот има згуснат распоред оваа сезона, но се чини дека одлично ја темпираше формата и во овој момент игра во најдобра форма од сите екипи во Првата лига.

Аплицирајте веднаш за

Тренерот Ѓорѓи Кочов го вади најдоброто од своите кошаркари, а не го крие задоволството од исходот во дербито на 15-тото коло.

Немаше некоја посебна тактика што го одлучи победникот, се се должи на агресивност и трчање во текот на сите 40 минути. Задоволен сум и од враќањето на Медфорд, тој направи само еден тренинг со екипата, можеби немаше голем поентерски ефект, но се потруди да ги разигра соиграчите и среќен сум поради него.

Да не заборавам да му честитам на Гостивар како град, град кој има прекрасна публика, кој направи кошаркарски спектакл и каде кошарката се слави на секој натпревар“, рече Кочов.

Следниот предизвик за металците е завршницата во Купот на РМ, што од 15-ти до 17-ти февруари ќе се одигра во Гевгелија, каде што можен противник во полуфиналето ќе биде вечниот ривал, Работнички.