ПОЧЕТНА АБА КОЧОВ: Победата е единствена добра работа од овој меч

КОЧОВ: Победата е единствена добра работа од овој меч

сподели

МЗТ Скопје се намачи за да дојде до третата победа во АБА 2, но покажа карактер во клучните моменти од дуелот со Ловќен.

Последните десетина дена не се најдобри за тимот од Аеродром, меѓутоа кризата во играта е покриена со триумф во четвртиот меч од регионалното натпреварување.

Тренерот Ѓорѓи Кочов е задоволен од победата која го остави неговиот тим во игра за врвот на табелата.

„Јасно ни беше дека нѐ очекува тежок натпревар. Немаше агресивност и поени од противнапад во нашата игра, што ни беше заштитен знак на изминатите средби и тоа се одрази врз резултатот.

Аплицирајте веднаш за

Фактот што цело време бркавме резултат направи дополнителна тензија кај нас и лошо изреагиравме. Но, добро е што не загубиме, всушност, тоа е единствената добра работа од овој натпревар.

Останува да ги поправиме грешките и да играме како што оваа екипа знае и сака да игра. Играме на два фронта, мора да ротираме и да внимаваме со играчите. Секој ја добива својата шанса, вечерва кошаркарите ја оправдаа“, изјави Кочов по натпреварот.