ПОЧЕТНА АБА КОЧОВ: Одбраната ни донесе победа

КОЧОВ: Одбраната ни донесе победа

сподели
фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски

МЗТ Скопје е неприкосновен пред своите навивачи во АБА 2 оваа сезона и поради тој факт се наоѓа на второто место на табелата по 10 одиграни кола.

И против Сутјеска одлично функционираше нападот, но сега проработе и одбраната и победата дојде полесно од очекувањата иако црногорскиот претставник не е меѓу најдобрите во оваа конкуренција.

Тренерот Ѓорѓи Кочов е задоволен од изданието на своите кошаркари кои во ниеден момент не оставија дилема во врска со конечниот исход.

„Одигравме квалитетен меч и во напад и во одбрана. Ја контролиравме средбата во сите 40 минути, на што им честитам на моите играчи, особено што максимално се бодреа и се поддржуваа.

фото: МЗТ Скопје

Ова е доказ дека добро сме се подготвиле за овој натпревар. Победникот го реши нашата одбрана, пик-ен-рол играта на противникот ја браневме одлично, а имавме и доста контролиран напад, со високо ниво на концентрација“ , рече Кочов.

Аплицирајте веднаш за

Засега само Приморска е пред МЗТ Скопје, но до крајот има уште 12 кола, а потоа следува и плеј-офот за шампионот во АБА 2 и патникот во регионалната елита.