ПОЧЕТНА АБА КОЧОВ: Одамна сме немале вакви таленти…

КОЧОВ: Одамна сме немале вакви таленти…

сподели
фото: druga.aba-liga.com / МЗТ Скопје Аеродром / Петр Стојановски

Тренерот на екипата од Аеродром беше задоволен, како што изјави, единствено од победата на мечот со Ловќен.

Но, стратегот на МЗТ Скопје истакна две имиња за кои што смета дека ќе бидат иднината на македонската кошарка.

„Младеновски почна да игра одлично, да се бори, да игра на начин како што сакам. Покажува карактер, тоа ме радува. Сигурно ќе биде се подобар. Истото ќе биде и со Маслинко. Се наоѓаме на почеток на сезоната, има уште кола и мислам дека до крај со активно играње и двајцата ќе можат да го покажат својот прав квалитет.

Мислам дека Македонја одамна немала вака талентирани играчи како Маслинко и Младеновски. Ние со силен тренинг ќе се обидеме да ги извадиме на правиот пат и искрено се надевам дека овие двајца играчи ќе бидат од голема важност за националниот тим и за нашиот клуб.“ – изјави Кочов.

фото: druga.aba-liga.com / МЗТ Скопје Аеродром / Петр Стојановски

Штрковите имаат скор 3/1 во АБА2 лигата и на стартот на сезоната се наметнуваат како најсериозен кандидат за враќање во елитната регионална лига.

Аплицирајте веднаш за

Следниот регионален предизвик на МЗТ Скопје, е гостувањето кај Зрињски во Мостар.

Во домашниот шампионат, вицепрвакот и освојувач на националниот Куп, ќе игра на гости кај екипата на Вардар.