ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА КОЧОВ: Ова е само почеток на сезоната…

КОЧОВ: Ова е само почеток на сезоната…

сподели

МЗТ Скопје го претрпе вториот пораз во домашното првенство. По Блокотехна, загуби и од вечниот ривал Работнички и тоа на домашен терен.

Уште еден натпревар на голем број поени во „Јане Сандански“, но вицешампионот, за разлика од АБА 2, не успеа да го исконтролира до крај и остана покус за два поена.

Поразот од вечниот ривал секогаш боли, но тренерот Ѓорѓи Кочов смета дека нема простор за паника. До крајот на основниот дел од сезоната има најмалку уште едно дерби, потоа следува Суперлигата, па можеби и ново финале со истиот противник.

„Не смеевме на таков начин да влеземе во натпреварот. Работнички комбинираше повеќе во одбрана и тоа им успеа, а  ние немавме контранапад.

Се договоривме да правиме фаули, но не го правевме тоа, односно не игравме доволно агресивно.

Аплицирајте веднаш за

Дерби како дерби, сакавме да победиме, но не успеавме. Сепак, ова е само старт на сезона, ќе ја држиме главата горе и ќе гледаме на наредните предизвици како и на наредниот меѓусебен меч“, изјави Кочов.

За само три дена МЗТ Скопје го очекува нов натпревар, сега во АБА 2, против Динамик на домашен терен.