ПОЧЕТНА АБА КОЧОВ: Ова беше прв сериозен тест, ќе бидеме уште подобри

КОЧОВ: Ова беше прв сериозен тест, ќе бидеме уште подобри

сподели

Одлична игра, убедлива победа и триумфален старт во АБА 2 за македонскиот шампион МЗТ Скопје.

Работи кои може само да го радуваат тренерот Ѓорѓи Кочов на почетокот од новата авантура на неговиот тим.

Младиот стручњак е задоволен од прикажаното на МЗТ Скопје, но свесен е и дека има некои работи на кои треба да се обрне внимание во следниот период.

„Им честитам на кошаркарите за пожртвуваноста и желбата за  победа. Честитки и за стручниот штаб кој одлично го одработи скаутингот и тоа многу ни помогна.

Имавме проблем со неиграњето на Младеновски, па се соочивме со проблеми под кошевите во првата четвртина бидејќи примивме многу поени на лоу пост. За среќа, проработеа другите кошаркари и стигнавме до посакуваната победа.

Ова беше прв посериозен натпревар за нашиот тим по подготвителниот период во кој игравме со македонски екипи. Имаме многу за подобрување, но имаме и доволно време.

Аплицирајте веднаш за

Точно е дека примивме многу поени, но ние сме напаѓачка екипа и таква игра ќе форсираме оваа сезона. Ова е само прв натпревар, уверувам дека ќе бидеме уште подобри.

Не смеам да го заборавам нашиот кондициски тренер Петар Баснарков кој одлично ги подготви кошаркарите на физички план. Најдобар доказ за тоа се Иванов и Бојиќ кои играа речиси 40 минути“, изјави тренерот на МЗТ Скопје.