ПОЧЕТНА АБА КОЧОВ: Ни се случи тоа што не смееше

КОЧОВ: Ни се случи тоа што не смееше

сподели

Разочарувачки пораз за МЗТ Скопје во третото коло од дебитантскиот настап во АБА 2.

Можеби ќе беше подобро да загубеше со 20 разлика, отколку да испушти веќе добиен натпревар. На 79 секунди пред крајот имаше предност од осум поени за да дозволи серија на противникот која доведе до продолжение, а потоа и негова победа.

Поразот не е толку страшен со оглед на тоа што е претрпен на почетокот од сезоната и од екипа која е директен ривал, но загрижува тоа што за четири дена МЗТ Скопје два пати губи речиси добиени натпревари – еднаш во домашното првенство и сега во АБА 2.

„Знаевме дека ќе биде тешко, Приморска е одлична екипа и тоа го докажа на овој натпревар.

Во третата четвртина домаќините направија пресврт, но успеавме да се вратиме во игра и да избегаме на +8. Она што се случи во финишот е тоа што никогаш не смееме да го дозволиме. Примивме две брзи тројки по кои натпреварот отиде во продолжение и потоа загубивме“, изјави по натпреварот, тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов.

Аплицирајте веднаш за

Во четвртото коло МЗТ Скопје го пречекува црногорскиот прволигаш Ловќен, а во меѓувреме има и натпревар од домашното првенство против Шкупи.