ПОЧЕТНА АБА КОЧОВ: Не се важни индивидуалците, победува колективот

КОЧОВ: Не се важни индивидуалците, победува колективот

сподели

„Јане Сандански“ и натаму е неосвоива тврдина во АБА 2 по четири одиграни натпревари.

По Хелиос, Борац и Ловќен, оружјето го положи и поранешниот европски првак Сплит, втор во низа против кого нашиот вицешампион ја минува границата од 100 постигнати поени.

Радува сигурноста пред своите навивачи, но за добар пласман и остварување на амбициите во АБА 2, потребни се победи на гостински терен.

„Порази секако дека ќе има, но би сакал да продолжиме вака, со овој стил на игра. Не сакам да потенцирам поединци, затоа што најважен е колективот и тој ја носи победата.

фото: МЗТ Скопје / Петр Стојановски

Во првите седум минути одбраната ни беше добра, но во последните три минути од првиот период направивме хаос. Во вториот дел менувавме во одбрана на противничкиот напад ‘пик-ен-рол’.

Не губевме лесно топки, се боревме за секој посед, направивме одредени промени и на крајот заслужено победивме“, изјави тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов.

Аплицирајте веднаш за

Можност за прва победа на гостински терен, тимот од Аеродром ќе има во седмото коло кога гостува кај последнопласираниот тим на табелата – Вршац.