ПОЧЕТНА АБА КОЧОВ: Можевме и поубедливо да победиме

КОЧОВ: Можевме и поубедливо да победиме

сподели
фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски

Единствениот македонски претставник во АБА 2 оствари победа и на претпоследниот натпревар на домашен терен во регионалното натпреварување.

До крајот на основниот дел остануваат уште дуелите со Сутјеска на гостински и со Спарс на домашен терен и тие ќе одлучат од која позиција МЗТ Скопје ќе стартува во плеј-офот.

Потребни се две победи бидејќи само така може да се обезбеди второто место кое носи предност на домашен терен во полуфиналето. Јасно е дека противник во претпоследната фаза ќе биде босанскиот Спарс, прашање е само кој ќе заврши втор.

Тренерот Ѓорѓи Кочов е задоволен од конечниот исход на првиот натпревар по речиси тринеделната пауза, предизвикана од планираната завршница во Купот на Македонија која е одложена за април и репрезентативниот прозорец на ФИБА.

„Очекувано влеговме лошо во натпреварот со оглед на подолгата пауза која ја имавме. Игравме во грч и во напад и во одбрана, но како одминуваше натпреварот влегувавме во нашиот добро препознатлив стил на игра и работите си дојдоа на свое место.

Им честитам на моите кошаркари на победата, која можеше да биде изразена со поголема разлика. Но, најважно е што ја остваривме целта и што сме сите здрави.

Ова беше прв од завршните три меча од АБА2 во кои рековме дека ќе атакуваме на триумф за да дојдеме до посакуваната позиција на табелата пред плејофот“, изјави Кочов по натпреварот.