ПОЧЕТНА АБА КОЧОВ: Можевме и под 70 примени поени…

КОЧОВ: Можевме и под 70 примени поени…

сподели

И пред дербито со Работнички констатиравме дека МЗТ Скопје игра подобро и полесно во АБА 2, отколку во домашното првенство.

Една од причините за тоа е слободата во играта, односно фактот што во регионалното натпреварување нема лимитирање на странците на паркетот што е случај во Првата лига.

Аплицирајте веднаш за

Леснотијата со која нашиот вицешампион излегува на крај со своите противници во АБА 2, особено на домашен терен, дојде до израз и во дуелот со Динамик кој избраниците на Ѓорѓи Кочов го добија со двоцифрена разлика.

Овој меч не се совпаѓаше со претходните два на домашен терен само по бројот на постигнати поени бидејќи на нив МЗТ Скопје постигна 100+. Сега остана на 84, но и прими помалку. Токму тоа го потенцираше Кочов на прес-конференцијата по натпреварот.

„Без разлика што имавме само еден ипол ден за да се подготвиме за дуелот со Динамик, она што го договоривме, пред сѐ за во одбрана, го испочитувавме.

Освен тоа, и целиот наш дефанзивен систем вечерва заличи на нешто. Да не беа некои грешки во финишот, можевме да примиме и помалку од 70 поени, а тоа воопшто не е мала работа.

Ова беше исклучително значајна победа за нас. Најдовме сили по неодамнешното вечно дерби на домашна сцена и издржавме, а тоа е најважно“, рече Кочов.

По осум одиграни кола, единствениот македонски претставник во АБА 2 се наоѓа на делба на второто место со биланс од шест победи и два пораза.