ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА КОЧОВ: Има уште да се игра…

КОЧОВ: Има уште да се игра…

сподели

МЗТ Скопје има огромни 2:0 во финалната серија и трет меч на домашен терен, но тренерот на аеродромци не сака ни да слушне за славје.

Неговиот тим не беше на нивото од првиот меч, но дојде до победата благодарение на подолгиот ростер и искуството на главните играчи.

Третиот натпревар се игра во Аеродром, навивачите очекуваат седма титула, но Ѓорѓи Кочов повикува на максимална мобилизација.

„Влеговме нервозни во натпреварот бидејќи бевме свесни за значењето на овој меч. Работнички играше растоварено, долго време го контролираше резултатот и го диктираше темпото, но ние ги дочекавме нашите пет минути кои го решија победникот.

Дамјан одигра одлично, ама тоа за мене не е изненадување. Јас тоа го очекувам од сите и морам да ги пофалам играчите, затоа што сите имаат заслуга за оваа победа, од тие на терен, до оние што беа на клупа.

Ништо не е готово тука, не чека уште една тешка битка пред нашата публика која воопшто нема да биде лесна“, изјави Кочов.