ПОЧЕТНА АБА КОЧОВ: Изгледавме многу лошо

КОЧОВ: Изгледавме многу лошо

сподели
фото: Sutjeska, Foto MM, druga.aba-liga.com

Металците немаат шанса за втората позиција во АБА2 лигата, на крајот на регуларниот дел од сезоната и ќе мора по заобиколен пат да бараат враќање во јадранската елита.

Штроковите загубија на гостувањето кај Сутјеска, со 91:79.

Спарс славеше против Хелиос, па меѓусебниот дуел на македонската и босанската екипа во последното коло ќе биде само формалност, односно најава за нивната пресметка во полуфиналето.

„Честитки за кошаркарите на Сутјеска. Домаќинот заслужено победи. Ние изгледавме лошо на теренот. Немаве решенија за нивните најдобри играчи, Павличевиќ и Кнежевиќ.

Во првото полувреме, противникот имаше одличен процент на реализација, а ние не бевме концентрирани во тој сегмент. Во секој сегмент, противникот беше подобар.

Екипата што ја водам има превисоки амбиции, за да изгледа вака на еден натпревар.“ – рече тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов.