ПОЧЕТНА АБА КОЧОВ: Дојдете сите, ни требате, сега е најтешко!

КОЧОВ: Дојдете сите, ни требате, сега е најтешко!

сподели
фото: Sixt Primorska, Jurij Kordun

За кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром нема одмор на стартот на 2019-та година, затоа што на 3-ти јануари во Скопје доаѓа словенечкиот претставник и лидер во АБА2 лигата, Приморска (18:00 часот).

На МЗТ нема да му биде лесно, игра без повредедниот Лестер Медфорд, кој што им се приклучи на Љубомир Младеновски и Андреј Маслинко.

Се наоѓаме во најтешка ситуација до сега. На списокот на повредени кошаркари се најде и Медфорд, а секој кој изгледал барем една наша средба знае колку тој е важен за нашиот тим. Згора на тоа, сѐ уште не можеме да сметаме на Младеновски и на Маслинко, што дополнително ја отежнува нашата ситуација.“ – рече тренерот Кочов.

фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски

Стратегот Ѓорѓи Кочов најавува максимална пожртвуваност и ги кани сите навивачи на клубот да дојдат во „Јане Сандански“.

„Единствено позитивно е што играме дома и ја користам можноста да ги повикам сите навивачи на МЗТ Скопје да дојдат и да ни ја дадат поддршката кога најмногу ни е потребна. А, ние ќе излеземе на терен и ќе дадеме сѐ од себе, за да победиме во овој исклучително важен меч за нас.“ – вели тој.

Приморска има само еден пораз во АБА2, во првиот меѓусебен дуел избегна пораз по едно продолжение, кога МЗТ Скопје Аеродром (81:94) во Словенија имаше водство од 8 поени на нешто повеќе од 2 минути до крајот на средбата.