ПОЧЕТНА АБА КОЧОВ: Дојдете, нема да си заминете разочарани од нашите борбеност и залагање!!!

КОЧОВ: Дојдете, нема да си заминете разочарани од нашите борбеност и залагање!!!

сподели
Ѓорѓи Кочов и Јурица Големац (фото: ABA2, Sixt Primorska, Jurij Kordun)

Македонскиот вицешампион МЗТ Скопје Аеродром пред една недела пропушти голема шанса да се врати славенички од најтешкото гостување во АБА2-лигата, што воедно е дополнителен мотив пред пресметката на домашен терен со Ловќен (19:00 часот).

Несреќниот пораз против Сикст Приморка веќе е архивиран и сите мисли се насочени кон составот од Црна Гора, против кој што ќе се обиде да ја продолжи победничката низа во дуелите во СЦ „Јане Сандански“ во регионалното натпреварување.

Претходно, МЗТ Скопје ги победи Хелиос и Борац Чачак, што му дава за право да се надева на идентичен епилог и против Ловќен.

фото: mztskopjeaerodrom.mk

„Станува збор за екипа која никако не смееме никако да ја потцениме. Очекувам од моите играчи влезат со максимален пристап во натпреварот и да продолжат да го даваат тоа што од нив се очекува.

Исто така, помошта од публиката е секогаш од големо знашење за нашата екипа. Им ветуваме на сите наши фанови кои ќе дојдат да нѐ бодрат, дека дома нема да си заминат разочарани од нашата борбеност и залагање.“ – вели тренерот Ѓорѓи Кочов.

Аплицирајте веднаш за

Црногорците со минимална победа над Рогашка (72:71) ја почнаа сезоната во АБА2, по што следеа два порази во низа и тоа од Сутјеска (71:81) на гости и Спарс (68:74) на домашен терен.

Билетите за утрешниот меч против Ловќен се пуштени во продажба по цена од 50 денари.

(преземено од mztskopjeaerodrom.mk)