ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА КОЧОВ: Дербито е посебна приказна, моите играчи ќе најдат мотивација

КОЧОВ: Дербито е посебна приказна, моите играчи ќе најдат мотивација

сподели

Еден од најквалитетните млади стручњаци во Македонија по седми пат ќе го води МЗТ Скопје како прв тренер во вечното дерби против Работнички.

Ќе се обиде да ја оствари првата победа како гостин бидејќи на претходните три (едно во Гостивар и две во Градски парк) доживеа исто толку порази. Аналитичарите се едногласни дека МЗТ Скопје има поквалитетен и поширок ростер, но во исто време се согласни дека напорниот распоред, односно играње на два фронта со тешки гостувања во АБА 2 можат да го земат данокот.

Дури и пред дербито во Градски парк, вицешампионот престојуваше во Црна Гора каде се сретна со Сутјеска, една од најквалитетните екипи во тоа натпреварување.

„Дербито ни доаѓа во незгоден момент затоа што имавме само еден ден за подготовка. Но, дуелите со Работнички се секогаш посебна приказна.

Знам дека моите играчи ќе најдат мотивација и енергија да издржат и да ги заменат повредените, а со тоа и да дојдат до победа во Градски парк“, изјави Кочов за basketball.mk.

МЗТ Скопје сигурно ќе биде трет на крајот од основниот дел од сезоната во АБА 2. Против Работнички ќе може да го даде максимумот затоа што претстојниот дуел со Спарс, кој ќе му биде и ривал во полуфиналето, нема никакво резултатско значење.