ПОЧЕТНА Куп на РМ Костов ја растури Блокотехна со една нога

Костов ја растури Блокотехна со една нога

сподели
Сите тројца на фотографијата, под палката на Докузовски, играат поинаку од настапите што ги имаа во другите екипи (фото: mkf.mk).

Бугарскиот репрезентативец во редовите на Работнички уште еднаш потврди дека е еден од најквалитетните странци кои играле во македонското првенство.

Најдоброто од себе го чуваше за финалниот меч во кој постигна шест тројки, 25 поени и беше прогласен за МВП. А, сето тоа со повреден скочен зглоб уште на почетокот на натпреварот.

„Со една нога играв 35 минути. Во петтата минута го свиткав зглобот и не знам како успеав да го доиграм цел натпревар“, откри Костов за basketball.mk.

Во моментот на повредата тој имал шест поени на своето конто што значи дека останатите 19 ги постигнал со повредена нога. И покрај болките, не побара замена и ги одигра сите 40 минути од финалниот меч во кој се закити со првата титула во Купот на Македонија.