ПОЧЕТНА А Репрезентација Косово падна вторпат, во Романија да докажеме кој е најдобар

Косово падна вторпат, во Романија да докажеме кој е најдобар

сподели
fiba.basketball

Македонската кошаркарска репрезентација ја дели еден натпревар од пласман во главната фаза во квалификациите за Европското првенство во 2021 година.

И по три натпревари имаме максимален ефект откако вторпат во овој циклус го совладавме Косово, сега со 78:68. До крајот ни останува уште еден дуел, против Романија.

Аплицирајте веднаш за

Да не беше лошата и недговорна втора четвртина, нашите кошаркари на дуелот со Косово ќе заслужеа чиста десетка. Почнаа со 6:0, потоа 12:4, па 23:7 и 29::16 на крајот од првиот период.

Лесната игра во тие десет минути како да ги залажа избраниците на Јорданчо Давитков, па тие во продолжение го зедоа противникот „здраво за готово“ и играа мошне несериозно во втората четвртина. Шутираа од неизградени позиции, лесно ги губеа топките и Косово во 17. минута дојде на само два поена негатива (33:31). На пауза заминавме со +4 (39:35), но и со страв дека сигурната победа може да се искомплицира.

Сепак, нашите кошаркари се премногу искусни за да си дозволат такво нешто. Почнаа со 6:0 за нова двоцифрена предност, а во последната минута од вториот период дојдовме до највисоките +17 (61:44). Последните десет минути беа само формалност и забава за гледачите во преполната сала „26 април“ во Гевгелија.

fiba.basketball

Бојан Трајковски со дабл-дабл (23 поени и 13 скока) беше нашиот најдобар играч, но честитки заслужија сите кои се појавија на паркетот.

Им останува уште последниот натпревар против Романија на 21 февруари.

Помогнато од Ресторан Enjoy во Гевгелија.