ПОЧЕТНА Други лиги КОРМИЛАРОТ: Добра организација, истрајност во работата и кохезија во тимот!

КОРМИЛАРОТ: Добра организација, истрајност во работата и кохезија во тимот!

сподели
mkf.mk

Беше голем играч, покажува дека е и голем тренер. Актуелниот стратег на клупата на новиот шампион и освојувач на двата пехара сезонава во нашата женска кошарка, анализира како беше постигнат успехот:

„Исполнета е целта која ја зацртавме на почетокот од сезоната. Презадоволна сум од постигнатото. Вардар покажа дека со добра организација, истрајност во работата и кохезија во тимот, може да се издигне како лидер во женската кошарка.“ – рече Жаклина Стојановска, тренерот на ЖКК Вардар.

Вардар три сезони по ред ја освојува(ше) титулата во Купот, големиот пехар дојде како круна на големите откажувања и вложувања.

„Ми беше чест и огромно задоволство да соработувам со играчите од тимот кои беа вредни, дисциплинирани и упорни во идејата за постигнување на овој резултат.

Исто така, сакам да им се заблагодарам на моите соработници од стручниот тим, како и на управата на ЖКК Вардар.

Се надеваме дека ќе го кренеме нивото на женската кошарка и ќе се обидеме да се доближиме до квлитетот на кошарката надвор од границите.“ – заклучува Стојановска.