ПОЧЕТНА Евролига Копонен го остави Баерн во живот, ја закопа Барселона

Копонен го остави Баерн во живот, ја закопа Барселона

сподели
фото: Bayern Munchen

Финскиот интернационалец, во стилот на српските кошаркари (кои што се колонија во Минхен) со нивните „клач“ шутеви низ годините и југословенските тимови кои што си играа мајтап со Каталонската гордост, особено Југопластика, му даде продолжен здив на германскиот тим (73:71).

Минхенскиот тим има 13 победи по 28 кола и останува во игра, иако битката ќе биде многу тешка во последните две кола, за 8-та позиција што последна води во доигрувањето. Барселона има 16 победи и само чудо може да ја елиминира од плеј-офот.