ПОЧЕТНА НБА Конечно помош од соиграчите

Конечно помош од соиграчите

сподели

Леброн Џејмс го постигна решавачкиот кош, со забивање, на дуелот со Атланта со што Лејкерс славеа со 107:106. Кралот имаше 26 поени, Кајл Кузма додаде 18.

Најновото засилување на екипата од ЛА, центарот Тајсон Чендлер (кој што имаше 3 блокади) го блокира последниот удар на гостите и ја осигура победата.

Аплицирајте веднаш за

Хјустон победи против Индијана со 115:103, во најверојатно последниот натпревар за Кармело Ентони во дресот на Рокетс, кој што може (според шпекулациите преку Океанот) многу брзо да ја напушти екипата.

Џејмс Харден имаше 40 поени за Хјустон, на спротивната страна Оладипо постигна 22 поена.

Резултати на 11-ти ноември (ESPN)

Орландо победи во Њујорк со 89:115, Теренс Рос имаше 22 поена. Милвоки славеше кај Денвер со 114:121, Брук Лопез постигна 28 поени.

Портланд победи против Бостон со 100:94, Дејмијан Лилард имаше 19 за победникот, а на спротивната страна Џејсон татум 27 поени.