Лејкерс се откажаа од услугите на центарот, за оваа сезона, шпекулираа извори од НБА лигата, а потоа излезе и официјално соопштение од Пеликанс.
Иако направија се што можат, понудија дури и премногу за еден играч, сепак раководните лица на екипата од Градот на ангелите, останаа со празни раце.
— New Orleans Pelicans (@PelicansNBA) February 8, 2019
Голема ѕвезда во преодниот рок нема, Леброн Џејмс ќе мора сам да се бори во обидот да ја врати својата и славата на неговата нова дружина.
Ентони Дејвис нема да потпише нов договор со Пеликанс, тоа го кажа јавно поради што беше казнет.
Неговиот нов ангажман ќе го дознаеме летоска, кога ќе може да стави потпис на договор со друга франшиза.