ПОЧЕТНА Тренинг Кондиционирање во завршната фаза пред стартот на првенството

Кондиционирање во завршната фаза пред стартот на првенството

сподели

Во овие последни две недели од предсезонскиот период, екипите веќе треба се фокусираат на стартот на сезоната, а со тоа и целиот фокус од делот “кондиционирање” се префрла на тактичкиот дел.

Оние кои пратат некој вид периодизација и ги структурираат неделите по кратки блокови, пикираат го качуваат интензитетот и видливо го намалуваат волуменот на тренинг, за да остварат на еден начин освежување на играчите пред стартот.

Аплицирајте веднаш за

Оние пак кои менуваат интензитет и волумен на тренинг на дневна или на неделна база нема да имаат проблем да се прилагодат на натпреварувачкиот календар, бидејќи истиот и најчесто тоа го наложува (приспособување според техничко-тактичкиот тренинг).

Во последните две недели се очекуваат и чести пријателски натпревари, најчесто два во неделата со што високиот интензитет што е потребен во периодот, сигурно ќе биде запазен и всушност нема да остави голем простор за дополнително оптоварување, бидејќи истиот ќе донесе преоптовареност и така наречено “тонење” што во овој завршен период од подготовките не е посакувано.

Играчите кои во периодот на подготвителни натпревари не се изложени на голема минутажа, може да се изложат на дополнителен стрес или преку тренинг со тегови или преку тренинг на енергетските системи, според потребите на индивидуата во поглед на неговата физичка подготвеност.

При помал број на подготвителни натпревари и според интензитетот на тренингот со топка, стресот на кондицискиот дел може да се зачува на високо ниво таргетирајќи ги анаеробните зони, најчесто преку специфични полигони со одредени временски интервали на работа и одмор со ограничен број на станици.

Кошарката сама по себе е спорт каде што не постои 100% оптимален стрес, со што многу од правилата при периодизирање и дозирање и да сакаме, нема да бидат запазени идеално.

Истото ова не значи дека треба секојдневно да се таргетираат истите системи, бидејќи нема да им оставиме простор за рекуперација, што евентуално ќе доведе до стагнација дури и до една рана фаза на претренираност, што никако не ни оди во прилог.

Вреди да се и напомене можноста за планирана дополнителна оптовареност, доколку календарот и распоредот за натпреварувачката сезона остават простор за тоа.

При евентуално прво или повеќе кола од стартот со помала важност за екипата, подготвителниот период може да се пролонгира и со тоа да се добие на плус недели со зголемен волумен/интензитет, што на крајот ќе резултира со поголем временски период за подигнување на физичкиот капацитет и способностите на екипата.

Автор: Сашо Пецев, кондициски тренер