ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Комесарот ги „моли“ клубовите да ги уплатат средствата што ги должат кон...

Комесарот ги „моли“ клубовите да ги уплатат средствата што ги должат кон МКФ

сподели
Владо Цветковски (лево) - фото: mkf.mk

МКФ преку соопштение на комесарот за натпреварување (лево на насловната фотографија, преземена од mkf.mk) ги повика клубовите да ги исполнат обврските кон Федерацијата, според правилниците што тие самите ги имаат донесено.

“Со оглед на фактот дека во изминатиов период имавме разбирање поради настанатите промени во раководните структури во клубовите каде што општините се дел од управата на клубот и едни од главните финансиери во клубовите, свесно го толериравме одлагањето на плаќањето на обврските кон МКФ во однос на котизација, странски играчи, казни и слично, а особено во неправедна положба беа ставени клубовите кои редовно и навремено ги подмириле своите обврски.

Поради горенаведеното, Ве молиме пред почетокот на Вториот дел на првенството (12.01.2018) да ги подмирите заостанатите обврски кон МКФ, во спротивно ќе мораме да постапиме согласно пропозициите за натпреварување и правилникот за натпреварување на МКФ, кој е усвоен и одобрен од Ваша страна.” – се вели во соопштението од комесарот за натпреварување, Владо Цветковски.