ПОЧЕТНА Младински школи Комбинираниот тим на МЗТ Скопје поразен во првиот натпревар

Комбинираниот тим на МЗТ Скопје поразен во првиот натпревар

сподели

Кошаркарските гости од САД остварија убедлив триумф на воведниот меч од престојот во Македонија.

Тимот составен од средношколци од Blackhawk Christian High School ја совлада комбинираната екипа на МЗТ Скопјево која играа кошаркари роден меѓу 2000 и 2005 година.

Конечниот резултат е 95:71, но тој е во сенка на примарната цел на гостувањето на Американците: собирање искуства и ширење на кошаркарските хоризонти.

Гостите од Форт Вејн, Индијана ќе останат во Скопје до 22 јуни. Дотогаш се планирани заеднички тренинзи и натпревари, а последните два дена ќе има и турнир на кој, покрај МЗТ Скопје и Blackhawk Christian High School ќе учествуваат и Буба баскет од Софија и Работнички.