ПОЧЕТНА Избор на уредникот КОЛО ЧЕТИРИ: Во првата лига, животот за едни е лесен, а за...

КОЛО ЧЕТИРИ: Во првата лига, животот за едни е лесен, а за други тежок, односно жежок

сподели

Центарската песна повторно во Куманово се слушна, сино-белите им се мерак залак на црвено-белите. Работнички победи во првото меѓусебно соочување против кумановци, нешто слично како и минатата сеозна, но тогаш тоа беше првото коло. Центарци се шампионски перфектни по 4 меча.

Блокотехна му се намерачи на Шкупи и билдаше кош разлика, во дуелот со најнеподготвената екипа во нашата лига, која што последна направи ростер. Гевгеличани товараа како што Германците му го правеа тоа на Бразил на свецконо првенство 2012-та.

Само, што, не знаеме дали капитенот на домаќинот ургирал на полувремето да престанат неговите, како што тоа го направи(л) германскиот, а бразилскиот се извинуваше јавно по поразот (1:7). Мала фудбалска дигресија, која што вели – спорт е ова, дечки, кој не е спремен, тешко нему.

Аплицирајте веднаш за

МЗТ во Скопје имаше мука со гостиварци, губеше двоцифено во првата четртина, имаше негатива од пола кош на полувремето, во третиот период некако стигна во плус, а во последниот се раскрили. Вицепрвакот не сака да врзе два пораза сезонава, АБА2-лигашкиот е заборавен.

А ние, да не заборавиме, дека во следното коло аеродромци ќе се бањаат на ладно во Охрид, по што во 6-то коло ги чека мегдан со најомилениот, пардон, најомразениот противник во вечното скопско и македонско кошаркарско дерби, кој што, противник, патем кажано, во следната 5-та рунда ќе одмори.

mkf.mk

Битолчани сами си го стопија снегот на Пелистер и сега ќе треба да платат за скијање на Кожув. Имаа водство, имаа топка, шо напраија само тие знаат. Ја загубија, а постарата гевгелиска екипа мудро го тоа искористи, ја зграпчи шансата со двете раце и си победи. Уште им горат главите на домаќините, до Водно се осеќа.

Овој Вардар нема конекција со Фени како ракометниот Вардар и затоа кавадарчани немаа милост кон скопјани од овој Вардар. И тие си имаат своја математика, победија со 21 разлика. Фабрикантите чекорат силно и сигурно на врвот на табелата, имаат резултат најмалку за Суперлигата, ама сезоната ќе биде долга.

mkf.mk

И четвртото коло, не носи ништо ново. Работнички одмара на врвот, МЗТ каска зад Блокотехна до нивното следно соочување. Фени изгледа убедливо на почетокот, ќе има ли јаглен во печките да се остане во ритам до крајот?

Кумановци од ништо прават нешто, Кожув оди според планот и стои високо, Гостивар трокира на почетокот – но има потенцијал за многу повеќе – запомнете го ова, а Пелистер, Вардар, АВ Охрид и Шкупи ќе се тепаат за трошките, тоа е јасно.