ПОЧЕТНА Избор на уредникот КОЛО УНО: Инфаркт во Гостивар, пе(ес)тарда во Охрид, штрковите веќе не одат...

КОЛО УНО: Инфаркт во Гостивар, пе(ес)тарда во Охрид, штрковите веќе не одат на југ?

сподели
фото: ohridnews.com

Прво па машко. Рундата број 1 во домашниот шампионат ни донесе неколку показатели за состојбите во нашата клупска кошарка, по неколку фамозни одлуки што се случија пред стартот на првенството.

Заслужена победа и мискалкулација

Веќе се научивме, во минатата сезона, да гледаме возбудливи завршници во салата „Младост“, во која што на еден натпревар има повеќе публика од сите други заедно.

Аплицирајте веднаш за

Гостиварци одиграа на поен со Кожув (70:69) и победија „лесно“, затоа што гостите се решија да одат за 2, наместо за 3, во последниот напад.

Домаќините се радуваа, а гевгеличани се уште ги чешаат прашалниците над главите – што ако имаше шут за три поени?

Каде плови овој брод

Охрид е нашата најпосакувана туристичка дестинација. Шампионот, се прошета по крајбрежјето и таму кај шо скопјанине најчесто ги оставаат, си дојде дома со +пеесче во џебот (44:94).

Ниту еден нормален љубител на спортот нема ништо против никого, особено не против оние што вложуваат свои пари во спортот и што ја анимираат младината, да не забегува по улиците.

Но, се врати на маса прашањето – споменато и на последниот состанок на УО – дали ни се доволни 8 екипи со концентрација на квалитетот?

mkf.mk

Бараа жаби, налетаа на крокодил

Металците заминаа за Гевгелија тргнати ко за у Дорјан, охрабрени и осоколени од двете победи во АБА 2 друштвото, на почетокот на сезоната.

Почнаа одлично, но заборавија дека понекогаш и неприкосновениот ловец, станува лесен плен. Ова во преносна смисла, за односот кон мечот, посочен од стратегот.

Блокотехна ќе отвора нов бизнис – преговара со Бајер, за производство на новиот аспирин, кој што ќе биде во сино-бело пакување, со шифра 8178.

Оџаците си горат, Вардар си тече

Фабриката се уште е во името на кошаркарскиот клуб од Кавадарци, иако нема најави за враќање на славните шампионски денови.

Варарци си загубија, но како што најавија, така и направија – никому не ја даваат кожата евтино, гризат како балкански стритери.

Фени повисоко стои од Пелистер (86:68), а Куманово си дозволи да се подзамисли под легендарната тврдина Кале (77:85).

Ослободени

Кошаркарите на Шкупи паузираа во првото коло, затоа што немаат пар – нашето првенство сега има 11 екипи – но, и затоа што побараа време да го дополнат составот.

Водњански Лисици немале пари, па отпосле се пожалија и дека не биле испочитувани. Откако климоглаво беа ислушани, останаа со празни раце во својата 25 годишнина.

mkf.mk

Подвлечено со жолто

Не е црвено, затоа што по црвената, нема по-џиш боја. Жолтата не предупредува, а црвената ни вели крај – правец под трибините!

Наместо 12, требаше да гледаме 10 екипи, па сега се 11, а сакаме 8. Рамнотежата на силите останува иста, ништо не е сменето.

Работнички, МЗТ Скопје и Блокотехна се најсериозните клубови во моментов, во македонското првенство, кое најавува дека повторно финалната серија ќе се игра во Скопје, евентуално во Гевгелија ако се има кондиција.