ПОЧЕТНА Избор на уредникот КОЛО ДВА: Конечно МЗТ бољи од Работнички, горчлив кумановски мезалк

КОЛО ДВА: Конечно МЗТ бољи од Работнички, горчлив кумановски мезалк

сподели
фото: МЗТ Скопје

Втората рунда од новата сезона потврди неколку констатации истакнати во прегледот за првата и отвори друга тема, што јавноста ја дочека на два ума.

Металците за влакно пред центарците

Аеродромци го здробија Шкупи, во вториот меч за нив, а прв за екипата што штотуку формира играчки кадар за сезоната што претстои. 40-ката на штрковите им оди во прилог за билдање на кош разлика во дуелот со вечниот ривал.

Аплицирајте веднаш за

Работнички беше за малку послаб од лутиот противник, ги совлада битолчани со само 39 разлика. Колку да се обвистини тврдењето дека двата наши најуспешни колектива се далеку над сите и сезонава, односно дека ја чекаме финалната серија повторно во главниот град.

mkf.mk

Проблемот за скопјани си тера по зацртаното?

Евентуален проблем, но само евентуален, ќе им биде Блокотехна, екипа што може да им ги помати сметките ако издржи до крајот, затоа што лани потклекна во (полу)финалната фаза од сезоната, кога во финишот се издвоија мажите од момчињата.

Неубедливата (за стандардите на оваа рубрика) победа кај Фени, покажува (ли) дека има простор останатите да се надеваат да штрбнат нешто во мечевите со гевгеличани. Реченицава не е баш најјасна (треба да се прочита неколку пати за да се прими содржината), но ќе стане појасна – ќе биде потврдена или негирана – по (да речеме) првата фаза од оваа нова сезона.

Сепак, победа си е победа и си се брои како победа, полн плен што ти дава мирен сон, а дали е 1:0 или 100:0, на крајот на денот (од резултатска гледна точка) е исто.

АВ Охрид, лани…

Промена на ритамот

Кожув и Охрид ги сменија улогите. Постарата гевгелиска екипа и синоним за градот се бори на три фронта, ќе излага и во Европа, однонсо на Балканот, а охриѓани ќе градат екипа со свој (наш) кадар, македонски, барем такви беа најавите.

Кожув покажува дека апетитите се отворија и дека најавите полека се остваруваат, односно дека ќе се враќа во битката за врвот, наместо во катакомбите каде што другите ќе се борат за живот во нашата Прва лига.

Баба Цана служи горко, ако си дошја по бодове

На крајот, но не затоа што е најнебитно, туку затоа што нуди најмногу простор за дискусија, е дуелот меѓу Куманово и Гостивар. Се очекуваше дерби оваа, затоа што минатата сезона кумановци беа најголемиот ривал на гостиварци и победија во тој меѓусебен сезонски дуел, беа погоре на табелата.

Сезонава, гостиварци и со кумановско оружје (Костоски и Србиновски, кои што во одредена фаза од кариерите беа дел од оваа екипа) не успеаја да го зададат првиот удар. Примија директ што ги става во меѓусебни минус 12, од кој/кои што мора екстремно брзо да се опорават.

Пораз како пораз, во спортот еден тагува додека другиот се радува. Во недостаток на идеја за обработка на темата, се побрза да се користи името на гостинскиот тренер како општински печат за собирање популарност. Како само тој да им се обраќа на играчите невкусно, или, повкусно звучи на странски па не ни пречи толку?

фото: kumanovskimuabeti.mk

Ова е темата што кошаркарските зналци и познавачи ја дочекаа различно – едни како секојдневие, други како помпа.

Некои се концентрираа на Марче и не забележаа дека Мекиќ ги утепа противниците со 26 поени, дека Куманово го натскока Гостивар со 47/33, дека клупата на Куманово даде 21 поен, дека нема звучни имиња и ѕвезди во екипата што и оваа сезона претендира за место во полуфиналето – што значи таму нешто се работи (не дека на другите места не се работи, да не бидеме сфатени погрешно), … и многу други (според нас) кошаркарски параметри…

mkf.mk

Црта два

По втората рунда, во македонскиот шампионат, подвлекуваме:

Работнички, Куманово и Блокотехна се идеални по првите две кола, МЗТ има 1/1, Кожув ќе биде петката што исто така ќе сака да скокне погоре, Фени и Гостивар имаат по една победа, а Пелистер, Охрид, Вардар и Шкупи се без триумф.