ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Колото се одлага, Парк останува под клуч

Колото се одлага, Парк останува под клуч

сподели
Sport1

На заедничкиот состанок на Здружението на прволигашите и раководството на МКФ, беше решено 2-то суперлигашко коло да се одложи, со цел суспендираните екипи да имаат повеќе време да ги платат долговите.

МЗТ Скопје, Гостивар, Куманово, Охрид, Шкупи и Фени Индустри добиваат можност и да платат на рати, за се она што се должи во касата на Македонската кошаркарска федерација, со цел шампионатот да биде регуларен.

Салата Градски парк и понатаму останува суспендирана, затоа што не ги исполнува условите за игра, однонсо затоа што не биле санирани проблемите што ги открила Комисијата за инспекција на салите при МКФ.

За случајот на Работнички и Ксавиер Џонсон, односно за неговата регистрација – дали документацијата доставена за негово регистрирање е целосна и навремено доставена – ќе решава арбитражната комисија при МКФ.