ПОЧЕТНА Во позадина Кокошков „го кувал“ Дончиќ за златото, уште пред стартот на ЕП

Кокошков „го кувал“ Дончиќ за златото, уште пред стартот на ЕП

сподели

Сеќавањето е од еден од тивките моменти пред почетокот на европското првенство кое што заврши со сензационална победа на Словенија во финалето против Србија.

За време на летниот камп на Словенците, додека траеле подготовките, селекторот Игор Кокошков го повлекол Лука Дончиќ на страна.

Следувала лекција по историја, за нешто што 18 годишниот Лука не знаел, но слушал од повозрасните и гледал многу на социјалните медиуми.

Аплицирајте веднаш за

Лука Дончиќ не беше роден кога Дражен Петровиќ загина во сообраќајна несреќа 1993-та година, момент што го спречи најдобриот европски кошаркар на сите времиња, да го исполни она за кое што беше предодреден.

Дончиќ за време на финалната пресметка со Србите…

Старите членови на европската кошарка се трудат секој потег на Дражен да биде запаметен, не само по она што може да се најде на Youtube.

Неговите пријатели и соиграчи, тренери и сите останати што биле со него, зборуваат со сласт кога некој ќе ги праша за карактерот на Дражен.

Дражен никогаш не се плашеше да се соочи и со надобрите…

Кокошков му раскажувал на Лука за златото на Југословените во Загреб, 1989-та година, последно европско на Дражен Петровиќ со Југославија.

Тој се будеше во 6 часот изутрина, влечеше со себе еден од асистентите тренери на шутерски тренинг, биле зборовите на Кокошков.

Дражен во времето додека играше за Шибенка…

Се враќаше по 2 часа, изобличен од тренирање и облиен со пот, на појадок со неговите се уште поспани колеги од репрезентацијата, продолжил Кокошков.

„Со сите цели кои што ги имаш поставено пред себе, би требало да ги знаеш овие приказни.

Треба да знаеш што те чека и што треба да направиш, ако сакаш да бидеш запаметен.“ – завршил Кокошков, во разговорот по кој што се друго, е историја.

(делумно преземено од ESPN)