ПОЧЕТНА ЕВРОБАСКЕТ 2017 Кокошков ги донесе Словенците до еуфорија, па ги расплака

Кокошков ги донесе Словенците до еуфорија, па ги расплака

сподели

Игор Кокошков ќе остане запаметен во историјата на словенечка кошарка и спорт воопшто, без разлика како ќе се одвива неговата кариера во иднина.

Тој е човекот што на кошаркарската репрезентација на Словенија и ја донесе првата титула од Европските првенства. “Змајчеки” триумфираа пред два дена во Истанбул најмногу благодарение на Кокошков кој на фантастичен начин ја постави играта на својата репрезентација и притоа совлада гиганти како Франција, Шпанија и Србија.

Аплицирајте веднаш за

Ако се прашува “обичниот” Словенец, Кокошков би требало доживотно да остане на селекторската функција. Реалноста вели дека тој мора да си поднесе оставка како последица на новиот систем што го воведе ФИБА. Освен како селектор на Словенија, српскиот стручњак работи и како помошен тренер во Јута Џез и во текот на сезоната не може да се врати да ја води репрезентацијата во квалификациите за Светското првенство.

„Невозможно е. Новиот календар на ФИБА влијае на играчите, но и на тренерите. За мене ова не е работа, туку задоволство, чест ми е што сум дел од овој национален тим и што ги тренирам овие момци.

Во ноември ќе играат некои други, во февруари повторно стигнуваат проблеми. Се надевам дека барем ФИБА и Евролига ќе најдат заеднички јазик за доброто на кошарката“, изјави Кокошков.

Заедно со него од репрезентацијата си заминува и капитенот Горан Драгиќ, но во првите два “прозори” од квалификациите за СП 2019, во ноември и јануари словенечката репрезентација ќе биде сосема поинаква отколку што беше на Европското првенство. Како тоа ќе влијае на резултатите, ќе видиме…