ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Кожув ја (у)краде 6-та позиција од Гостивар

Кожув ја (у)краде 6-та позиција од Гостивар

сподели
фото: архива 2018

Барем за момент, за една вечер, гевгеличани ќе ја гледаат табелата и ќе посакуваат така да остане до крајот на регуларниот дел од сезоната, барем што се однесува на нивниот пласман.

Со триумфот против Пелистер, очекуван, но неочекувано тежок со само 74:68, симболот на градот Гевгелија е на место што го води во Суперлигата.

mkf.mk

Убедлива прва четвртина, неубедливи но доволни за солидна залиха втора и трета четвртина, пад на играта во последниот период – е краткиот коментар за дуелот од 15-то коло.

mkf.mk
Аплицирајте веднаш за

Караколев 19 поени, Вилијамс и Ивеља по 14, Штерјов 10 поени, во четата на Александар Јончевски. Малку беа поените од клупата – Нацевски 8, Кесар 6 и Зекири 2.

mkf.mk

Кај гостите истапи капитенот Голубовиќ, со 21 поен, зад него беа Билер со 20 и Херис со 13. Толку од стартерите. Замените постигнаа 14 поени, од кои 7 реализира Здравко Богдановски, 4 имаше Арсоски, а 3 беа на Талевски.

Битолчани се на 9-та позиција од 11 екипи на прволигашката табела, со две победи и со 12 порази во 14 одиграни средби.