ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Кожув се помачи, но ја освои Битола

Кожув се помачи, но ја освои Битола

сподели

Втора победа за најстариот гевгелиски кошаркарски клуб во Првата македонската лига оваа сезона. По несреќниот пораз од Гостивар и оној од Работнички, Кожув славеше со 69:72 кај Пелистер на третото гостување оваа сезона.

Задоволството е уште поголемо од две причини: поранешниот вицешампион покажа карактер и победи по продолжение, а му се одмазди на домаќинот за поразот во клучниот меч минатата сезона кога токму поради него не успеа да се пласира во Суперлигата.

Аплицирајте веднаш за

Изданието во Битола беше далеку од задоволително за тренерот Павле Николов, Кожув повторно играше со многу осцилации, но и тоа не е неочекувано ако се имаат предвид константните проблеми со повредите и тоа што неделава тимот стартуваше во БИБЛ лигата.

Можеби прашање околу победникот можеше да биде решено во основните 40 минути бидејќи гостите водеа и со 6 поени разлика (58:64), но и Пелистер беше пред победа кога на 28 секунди пред крајот поведе со 73:71. Кошот за продолжение го постигна Штерјов, а Харис не успеа да му донесе победа на Пелистер во последниот напад.

Драмата продолжи во дополнителните пет минути, а клучен момент беше кошот со лична грешка над Штерјов на 37 секунди пред крајот. Со трите поени, тој го однесе Кожув на +3 (77:80), Харис намали, а Пековиќ од линијата за слободни фрлања повторно го врати својот тим на истата предност.

Харис се обиде да се избори за уште едно продолжение, но го промаши обидот за тројка и гевгеличани се израдуваа на вториот триумф сезонава.

Американецот постигна 27 поени и беше најефикасен на натпреварот, но сепак не успеа да му донесе победа на Пелистер кој уште не се израдувал во оваа натпреварувачка кампања. Кај Кожув, Штерјов и Пековиќ беа најефикасни со по 19 поени.